Се чувствувате анксиозно, депресивно? Има навики од коишто сакате да се одвикнете, но не знаете како? Постојано сте под стрес или можеби имате проблеми со спиењето?
Менталното здравје е од фундаментална важност за нормално функционирање во секојдневието. Научно е докажано дека вербализирањето на вашите чувства игра огромна улога за одржување на истото.
Разговор со лиценциран психолог може да ви помогне:
Направете нешто добро за себеси. Психолошка поткрепа од професионалец е добар прв чекор.
Психијатрите ги набљудуваат физичките и ментални симптоми на луѓето. По детекција на тригер факторите (како потешкотиите и проблемите кои ги наметнува секојдневието) за вашата состојба, вршат проценка дали имате потреба од некаква медикација или друг вид на терапија. За преземање вакви чекори, може да има потреба и од лице-во-лице разговор во живо.
Доколку не сте сигурни која е разликата помеѓу психолог и психијатар и не знаете каде да се упатите, не грижете се. Професионалците на Е-психолог се тука да ви помогнат и да ве насочат.
Групните терапии вклучуваат повеќе лица со слични искуства водени од еден или повеќе психолози.
Безразлика дали станува збор за подобрување на социјални вештини, соочување со интровертност, траума, здравствена состојба итн, искуствата од членовите на групата и начинот на којшто тие се справуваат со конкретниот предизвик е можеби токму она што ви треба да го слушнете.
На тој начин, може да воочите дека многу луѓе поминуваат низ слична ситуација со што не би се чувствувале осамено.
Направете нешто добро за себеси. Психолошка поткрепа од професионалец е добар прв чекор.
Овој оддел е наменет за психолозите и психијатрите на Е-психолог со цел олеснување на меѓусебната комуникација, споделување искуства, мислења и сугестии во врска со одреден случај, дијагноза или состојба.
Целта на оваа услуга е психолозите и психијатрите да го подобрат своето работење како би им излегле во пресрет на корисниците на оваа платформа
Е-психолог е онлајн платформа во Македонија која нуди психичка поддршка на граѓаните.
Е-психолог е онлајн платформа во Македонија која нуди психичка поддршка на граѓаните. Тие, преку некој од смарт уредите, би можеле да побараат онлајн сесија со некој од најдобрите македонски психолози.
Голема благодарност до Цивика Мобилитас за пружената помош при создавање на оваа платформа. Нивната исклучителна посветеност при помош на граѓаните како индивидуи, како и сите останати целни групи, синдикати, комори, здруженија, придонесоа за создавање на Е-Психолог.